Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

НЛБ Банка – најдобра банка во Македонија според Euromoney

Време: 15:16

Датум: јули 12, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

На 11-ти Јули, 2018 година на свеченото доделување на Euromoney наградите во Лондон, НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Македонија.

Ова награда е уште една потврда за особениот успех во надминувањето на сите  поставени предизвици на Банката, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати.

Во своето соопштение магазинот Euromoney објаснува зошто НЛБ Банка АД Скопје ја прогласи за најдобра банка во Македонија за 2017 година:

„Натпреварувајќи се на висококонкурентен банкарски пазар, банката која се истакна со резултатите минатата година во Македонија е НЛБ Банка АД Скопје, благодарение на остварената доминатна профитабилност во секторот, подобрениот квалитет на средствата и инвестициите во дигитализацијата.

Банката оствари поврат на капиталот од 28% како резултат на остварената добивка од 40 милиони евра што претставува годишен пораст од 60%. Овој импресивен резултат во голема мера беше поттикнат од силниот раст на кредитирањето на населението, работењето со картички, платежните услуги и продажбата на осигурителни производи. За истото придонесе и зголемувањето на нето каматната маргина на 4,9%,  а фокусот на ефикасноста ја одржа  стапката на трошоци во однос на приходите на само 38%.

Вкупната актива се зголеми за 7,2% во 12-те месеци до крајот на декември 2017 година, во согласност со растот на кредитирањето и депозитите, со што НЛБ Банка АД Скопје оствари учество од 16,4% на локалниот пазар. Учеството на нефункционалните кредити се намали за 0,5 процентни поени и изнесуваше  5,2%, додека на крајот на годината стапката на адекватноста на капиталот порасна на 14,4%.

Дигиталниот развој на Банката за периодот за кој се наградува вклучува лансирање на НЛБ мПроклик – мобилна апликација за правни лица, како и континуираното надградување и степенот на користење на НЛБ мКлик – мобилната апликација за физички лица.

“НЛБ Банка АД Скопје согласно својата стратегија во фокусот на работењето го има задоволството на своите клиенти и континуирано и посветено работи на изнаоѓање на најоптимални решенија за секој поединечен клиент. Банката и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и креативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури на Банката. На тој начин на своите клиенти им дава избор  да се одлучат за новите и современи или за традиционалните начини на работење со Банката”, се вели во соопштението.

ЗА НАГРАДАТА

Euromoney Award for Excellence се награди кои навистина им значат на банките. Естаблирани се од 1992 година и се први од својот вид во глобалната индустрија. Оваа година 1500 банки влегоа во конкуренција за 20-те глобални и 50-те регионални награди, како и за наградата за најдобра банка во речиси 100 земји од светот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Еурокомпозит: фабриката без струја, вработените по дома – има ли крај на маките во последниот загубар?

    Еурокомпозит: фабриката без струја, вработените по дома – има ли крај на маките во последниот загубар?

    Фабриката без струја, погоните без работници, луѓето без плати. Состојбата со последниот македонски загубар се усложнува. Фабриката без струја, вработените по дома Во Еурокомпозит останаа…

  • PG & E е загрозена од банкрот поради пожарот во Калифорнија

    PG & E е загрозена од банкрот поради пожарот во Калифорнија

    Американската енергетска компанија „Pacific Gas and Electric Company“ (PG & E) се соочува со колапс заради тековниот пожар кој ја опустоши Калифорнија. Претходно во понеделникот,…

  • Societe Generale заработи глоба од 1,34 милијарди долари за кршење на санкциите

    Societe Generale заработи глоба од 1,34 милијарди долари за кршење на санкциите

    Француската банка „Societe Generale“ се согласи да плати 1,34 милијарди американски долари за да ги сопре истрагите за санкциите во САД, објавија Федералните резерви. Од…

  • Cashback World и РК Вардар ја продолжуваат успешната заедничка соработка

    Cashback World и РК Вардар ја продолжуваат успешната заедничка соработка

    Меѓународната куповна заедница – Cashback World и ракометниот клуб „Вардар“ продолжуваат со градењето на успешната приказна со повеќекратни придобивки за сите. Продолжувањето на ова партнерство…

  • Google ќе инвестира милиони во нов центар за податоци во Данска

    Google ќе инвестира милиони во нов центар за податоци во Данска

    Американската интернет компанија „Google“ ќе инвестира 4,5 милијарди дански круни (690 милиони долари) во изградбата на нов центар за податоци во Данска, објави данската единица…

  • Макпрогрес Виница започна во своето производство да користи енергија од обновливи извори

    Макпрогрес Виница започна во своето производство да користи енергија од обновливи извори

    Македонското сонце преку првите македонски соларни панели, за прв пат се користи за производство на македонските производи на Винчини, кои се извезуваат низ целиот свет.…

  • Уапсен директорот на „Нисан“

    Уапсен директорот на „Нисан“

    Јапонскиот производител на автомобили „Нисан мотор“ објави дека внатрешната истрага покажала дека Карлос Госн, директорот на компанијата, покажал помал приход од вистинскиот и презел други…

  • Доделени стипендиите од ОКТА за десетте студенти на УКИМ

    Доделени стипендиите од ОКТА за десетте студенти на УКИМ

    Десет студенти од шест факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се добитници на стипендиите за втор циклус студии кои втора година по ред ги…

  • Hugo Boss се потпира на новата стратегија

    Hugo Boss се потпира на новата стратегија

    Кога Меган Маркл блесна во малиот англиски град Чичестeр за време на својата посета во минатиот месец, нејзината темнозелена облека, дело на „Hugo Boss“, веднаш…

  • Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

    Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

    „Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во светот, објави Си-ен-би-си. Тој одговарал…