26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВечерва битка за вториот финалист на Светското првенство

Вечерва битка за вториот финалист на Светското првенство

Вечерва во Москва ќе се одигра второто полу-финале на Светското првенство во Русија, во кое силите ќе ги одмерат Англија и Хрватска. Полу-финалето ќе биде дуел на две селекции кои пред почетокот на првенството беа апострофирани како фаворити од сенка, но малкумина веруваа дека можат да стигнат до самата завршница.

Несомнено мотиви, желби и квалитет за пласман во финалето има кај двете селекции, прашање е која од нив, в недела, ќе им се спротивстави на Французите во финалето. Разликата е само што оваа Англија е целосно реконструирана со многу млади играчи и ова веројатно не е нивниот последен збор на големите натпреварувања, додека за оваа генерација на хрватски фудбалери полу-финалето е последна шанса да стигнат до крајот.

Многумина од Хрватите имаат 30 или повеќе години, кои ќе направат се за да стават круна на блескавите клупски кариери.

Англија, последен пат за влез во финалето играла во 1990 година, а Хрватите осум години подоцна.

Дуелот во Москва ќе биде осмо соочување на двете репрезентации, Англија досега има четири, а Хрватска две победи.

Англија, односно селекторот Герет Саутгејт, нема да тактизира околу составот, ќе стартува со оние 11 фудбалери што започнаа четири од петте досегашни натпревари на првенството и нема да отстапи од формацијата 3-5-2.

Пикфорд ќе биде на голот, тројката во одбраната ќе ја состават Вокер, Стонс и Мегваер, во средниот ред ќе делуваат Хендерсон, Лингард и Деле Али, по бочните позиции Трипие десно и Јанг леви и во нападот ќе бидат Стерлинг и првиот стрелец на првенството Кејн.

За разлика од Саутгејт, хрватскиот селектор Златко Далиќ не ги открива картите, но можно е на својот колега да му сервира некое изненадување.

Многу веројатно е Перишиќ кој не е во форма да остане на клупата за резерви, а во тимот да влезе Брозовиќ, со што уште посилен би бил хрватскиот блок во редот за врска, ако се има во предвид дека место во тимот ќе добие и Бадељ, кој треба да биде коректор на средниот ред.

Исто така неизвесен е настапот на Врсаљко, иако десниот бек тврди дека ќе игра и со една нога ако биде потребно.

Во случај Врсаљко да не игра, селекторот Далиќ има неколку решнија како да ја формира одбрамбената четворка.

Првото е Тин Једвај да биде десен бек, то тој случај останатите тројца во одбраната остануваат исти: Ловрен, Вида и Стриниќ.

Меѓутоа можно е Вида да игра на местото на Врсаљко, во тој случај централни играчи во одбраната би биле Ловрен и искусниот Чорлука.

Јасно е дека о ваквата псотавка место ќе нема за Крамариќ, бидејќи местото во шпицот на нападот е резервирано за Манџукиќ.

Значи составот на Хрватска би требало да изгледа вака: Субашиќ-Врсаљко (Вида, Једвај), Ловрен, Вида (Чорлука), Стриниќ-Бадељ-Брозовиќ, Ракитиќ, Модриќ, Ребиќ-Манџукиќ.

Натпреварот во Москва ќе започне во 20 часот, а ќе го суди еден од најдобрите европски судии Чунеј Чакир од Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП