29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFox го надмина Comcast со понуда за 32,5 милијарди долари за Sky

Fox го надмина Comcast со понуда за 32,5 милијарди долари за Sky

Медиумскиот гигант на Руперт Мардок „21st Century Fox“ соопшти дека го договорил купувањето на британската „Sky“ во зделка, која ја оценува групата за платена телевизија на 32,5 милијарди долари. Така компанијата ја надмина конкурентната понуда на американската група „Comcast“, соопштува „Ројтерс“.

Битката за водечката британска група за платена телевизија се одразува на огромните промени во глобалната забавната индустрија во која најголемите медиумски гиганти во светот се борат еден со друг за мултимилијардни зделки, за да се натпреваруваат подобро со „Netflix“ и „Amazon“.

„Fox“, која поседува 39% од „Sky“ и треба да добие одобрение за договорот од британските власти оваа недела, ја подигна својата понуда до 14 фунти по акција од претходниот предлог од 10,75 фунти за акција.

Договорената цена претставува премија од 82% над цената на акциите на „Sky“ од декември 2016-та година пред да се склучи првичната трансакција, и е 21 пати поголема од добивката по акција за 2017-та година.

„Fox“ изјави дека претставувањето на „Sky“ од декември 2016-та година, вклучувајќи го обновувањето на правата да ја емитува англиската Премиер лига за пониска сума, ја оправдува повисоката понуда.

„Fox“ сепак може да се соочи со дополнителна конкуренција од американскиот кабелски гигант „Comcast“, откако ги принуди независните директори на „Sky“ да се откажат од својата претходна поддршка за „Fox“ со неочекуваната понуда од 12,50 фунти по акција за групата во февруари.

Најголемата забавната компанија во светот и сопственик на „NBC“ и „Universal Pictures“ ја надмина понудата на Мардок за „Sky“ во февруари. Акциите на „Sky“ се затворија по цена од 15,01 фунти во вторникот, што сугерира дека војната може да не е завршена.

За да си обезбеди регулаторното одобрување, „Fox“ договори продавање на новинарскиот канал на „Sky“ на „Disney“, бидејќи во спротивно влијанието на Мардок врз британските медиуми требаше ќе беше премногу силно.

„Disney“ и „Comcast“ водат посебна битка од над 70 милијарди долари за купување на повеќето средства на „Fox“, кои вклучуваат веќе поседуваниот удел од 39% во „Sky“ и остатокот од компанијата, ако се покаже како победник во Велика Британија.

„Fox“ изјави дека ја договорила согласноста на независната комисија на „Sky“ за трансакцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП