16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартуваше производството на луксузното купе на BMW (фото+видео)

Стартуваше производството на луксузното купе на BMW (фото+видео)

„BMW“ го започна сериското производство на новиот „Serieѕ 8“ во фабриката Динголфинг во Германија.

BMW Serieѕ 8 Coupe“ имаше светска премиера на средината на јуни, а помалку од еден месец подоцна првите примероци од ова возило слегоа од производната лента.

Баварците во погонот во Динголфинг инвестираше преку 100 милиони евра со цел да ја прилагоди оваа фабрика за изработка на овој модел:

Новото купе така се придружи на моделите „BMW Serieѕ 5“ и „Serieѕ 7“ кои веќе се составуваат во оваа фабрика.

Во рамките на новиот „Serieѕ 8“ засега се произведува само во купе верзија, но во план се и кабриолет и „Gran Coupe“ со 4 три врати. Сите три каросериски верзии ќе ја добијат и екстремната „М“ верзија.

Кога станува збор за производството на купето, во фокусот моментално е „M850i xDrive“, кој моментално може да се види на снимките и фотографиите од фабриката.

Oвој модел користи 4.4-литарски би-турбо „V8“ мотор, кој е поврзан со осумбрзински автоматски менувач. Агрегатот испорачува 530 ks (390 kW) и 750 Nm максимален вртежен момент.

Aвтомобилот забрзува од 0 дo 100 km/h зa само 3,7 секунди, a максималната брзина електроски е ограничена на 250 km/h.

„BMW“ не се откажа од дизелите, па на купувачите кои ќе се одлучат за оваа опција ќе можат да ја набават верзијата „840d xDrive“ со шестцилиндричен 3.0-литарски би-турбо мотор кој произведува 320 ks (235 kW) и 680 Nm.

Моќта и ово овој случај се пренесува на тркалата со помош на осумбрзинскиот автоматски менувач. „BMW 840d xDrive“ од место до „стотка“ стигнува за 4,9 секунди, a максималната брзина е иста како и кај споменатиот бензинец.

Двата модели стандарно имаат погона на сите 4 тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП