17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLG Electronics очекува зголемување на оперативниот профит од 16,1%

LG Electronics очекува зголемување на оперативниот профит од 16,1%

Јужнокорејската технолошка компанија „LG Electronics“ денеска соопшти дека нејзиниот оперативен профит за второто фискално тромесечје веројатно ќе порасне за 16,1% во однос на истиот период од минатата година.

Сепак, тоа ќе биде под очекувањата на аналитичарите на пазарот, објави „Ројтерс“.

Експертите тврдат дека повисоките трошоци за маркетинг и рекламирање на нови производи имале влијание врз профитот.

Во испратените документи кон регулаторите, „LG“ го проценува профитот за периодот од април до јуни на 771 милијарди вона (691,79 милиони долари), во споредба со 821 милијарди вона при просечната оценка на 10 аналитичари, вклучени во истражувањето на „Thomson Reuters“.

Приходите се зголемија за 3,2 отсто на 15 илјади милијарди вона од 14,6 илјади милијарди вона, од пред една година порано.

Ова не е целосен извештај за јужнокорејскиот гигант. Конечните податоци за кварталот ќе бидат официјално објавени на крајот од месецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП