22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUber се враќа во Финска по промена на законот

Uber се враќа во Финска по промена на законот

Американската компанија за споделено патување „Uber Technologies“ ќе ја пушти повторно услугата во Финска по едногодишна пауза, откако новиот закон за транспорт влезе во сила во земјата оваа недела, пишува „Bloomberg“.

Стартапот со седиште во Сан Франциско ги стопираше операциите во Финска во минатата година, очекувајќи го усвојувањето на новиот закон.

„Овие нови прописи стапија на сила сега и ние сме среќни да почнеме повторно во Хелсинки“, коментира Џоел Јарвинен, генерален менаџер на „Uber“ за регионот.

Чекорот на Финска внесува промени во строго регулираниот пред транспортен пазар и поддржува нови бизнис модели, вклучувајќи дигитализација и новите технологии, објави Министерството за транспорт на својата веб страница.

Возачите на „Uber“ во земјата беа соочени со опасност од гонење од законот и наметнувањето на солидни парични казни, како дел од полициските напади врз возачите кои немаат дозволи за такси превоз. Но патувањата на „Uber“ ќе стартуваат повторно во Хелсинки и регионот уште денес и ќе се вршат од страна на професионални и лиценцирани возачи во рамките на услугите „UberX“ и „Uber Black“.

Потегот е дел од напорите на новиот извршен директор на „Uber“, Дара Косровшахи да ги закрепне односите со локалните регулатори во време на големи турбуленции за компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП