Оваа екстравагантна вила во Њујорк во моментов е на продажба по цена од 114 милиони долари…
Таа е изградена во 1884 година, има 7 спални соби, 6 бањи, и во нејзиниот ентериер се наоѓа широк спектар на ексклузивни, луксузни и модерни погодности кои се причината за вртоглаво високата цена.
Се простира на 2000 квадратни метри наменети за животен простор и дополнителни 250 квадратни метри на отворен простор, со прекрасен поглед кон Централ Парк и градот Њујорк.