3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрговските синџири Carrefour и Tesco ги здружуваат силите во стратешки сојуз

Трговските синџири Carrefour и Tesco ги здружуваат силите во стратешки сојуз

Француската трговски ланец „Carrefour“ и британскиот „Tesco“ ги најавија денес плановите за долгорочна унија во областа на маркетингот и снабдувањето, кој има за цел да ги намали нивните трошоци, пренесоа агенциите.

Договорот е уште едно партнерство во европскиот малопродажен сектор, во кој американскиот интернет гигант „Amazon“, исто така, влезе во последните неколку месеци.

Сојузот, чии финансиски параметри, не беа откриени, ќе ги опфаќа стратешките врски со светските провајдери во области, како маркетинг услуги или собирање на податоци, како и заедничкото купување на сопствени производи и стоки на двата синџири кои не се препродаваат, се наведува во соопштението на „Carrefour“.

Сојузот, кој официјално ќе биде преговаран во текот на следните два месеци, нема да вклучува свежа храна, а секоја компанија ќе продолжи да работи со добавувачите на партнери на локално и национално ниво.

„Стратешкиот сојуз меѓу „Carrefour“ и „Tesco“ е голем договор, бидејќи ги обединува искуствата во трговијата на двата светски лидерот кои се дополнуваат во географските региони и имаат заеднички стратегии“, рече извршниот директор на „Carrefour“, Александр Бомпар.

„Tesco“ е најголемиот британски трговски ланец со продажба од 51 милијарди фунти (67,2 милијарди долари), која беше реструктуирана од извршниот директор Дејв Луис по сметководствениот скандал во 2014-та година, кој доведе до остар пад во трговијата.

„Carrefour“ е најголем малопродажен ланец во Европа со продажба од 88 милијарди евра (102,5 милијарди долари), а Бразил е вториот по големина пазар по Франција. Договорот со „Tesco“ ги исклучува Кина и Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП