19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕкстралуксузен апартман во Аризона

Екстралуксузен апартман во Аризона

ar1

Овој неверојатен апартман се наоѓа во Феникс, Аризона. Тој е сместен на површина од 215 метри квадратни, а во неговата внатрешност се сместени три спални соби, салон, прекрасна трпезарија, кујна и три бањи.

Отворениот простор овозможува максимално уживање во дневната соба, која е уредена со ектремно модерен и луксузен мебел со висок квалитет кој нуди бесконечен комфор, а неверојатниот поглед кон градот од широкиот балкон го прави местото совршено.

Мермерно мозаичките подови и уникатните теписони пак, заедно со одличното осветлување, го прават местото уште полуксузно и гламурозно.

Балконот претставува одлично место за дружење и уживање со пријателите или семејството, бидејќи вградените звучници ќе создаваат одлична атмосфера додека правите ручек или вечера на скарата од нерѓосувачки челик и додека точите пијалак од шанкот изработен од гранит.

Доколку можете да си го дозволите овој луксуз, сместете се во овој апартман и уживајте во луксузните погодности кои ви се нудат.

Погледнете ги фотографиите…

ar2

ar3

ar4

ar5

ar6

ar7

ar9

ar10

ar11

ar12

ar13

ar83

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП