19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook дозволи промоција на некои криптовалути

Facebook дозволи промоција на некои криптовалути

Американската компанија „Facebook“ одлучи да овозможи промоција на криптовалути и поврзани содржина од претходно одобрени реклами, но ќе продолжи со својата забрана на оние поврзани со бинарни опции и примарно нудење на виртуелни валути, пренесува „Ројтерс“.

Во јануари, „Facebook“ ги забрани рекламите кои промовираат финансиски производи и услуги често поврзани со измами или проблематични промотивни практики.

„Ќе слушнеме обратна врска, ќе видиме колку добро работи оваа политика и ќе продолжиме да ја проучуваме оваа технологија, па ако е потребно, да можеме да ја ревидираме во времето“, коментира продукт менаџер на „Facebook“, Роб Ледерн.

Всушност забраната за реклами на криптовалути влезе во сила уште на крајот на јануари оваа година. Тогаш стана јасно дека таа ќе биде применета и во останатите платформи на компанија, како апликацијата за видео и фотографии „Instagram“, но и „Audience Network“.

Во светот на технологијата, без сомнение се повеќе се зборува за криптовалтите и како тие влијаат на светот. Неодамна коосновачот на „Apple“, Стив Вознијак изјави дека се надева дека ќе се исполни прогнозата на Џек Дорси, извршниот директор на „Twitter“, биткоинот да стане единствена светска валута.

Во светот во моментов има над 1.000 криптовалути, но според Вознијак биткоинот е единствената која останува „чиста“ поради децентрализацијата, забележана кај неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП