3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот Volvo на струја ќе биде XC40

Првиот Volvo на струја ќе биде XC40

Првиот целосно електричен автомобил на „Volvo“ ќе биде компактниот кросовер „XC40“. Ова го изјави главниот дизајнер на компанијата и извршен директор на „Polestar“, Томас Ингенлат.

Електричниот „XC40“ нема да се појави пред премиерата на „Polestar 2“ – целосно електричниот компактен урбан кросовер. Таа е закажана за 2019-та година. И тогаш батеријата и електричниот мотор, исто така, ќе ги добие водечкиот кросовер „XC90“.

Ингенлат наведе дека сите електрични автомобили на „Volvo“ ќе бидат во суштина исти автомобили што компанијата во моментов ги произведува – нема да се развиваат нови модели. Ова, исто така, овозможува реализација на „SPA“ платформата создадена со резерва за идните електрични технологии.

„Volvo“ постепено води политика за отстранување на моторите со внатрешно согорување. Дополнителна потврда за ова беше премиерата на седанот „S60“, кој не доби ниту еден дизел мотор, но беше опремен со два хибрида.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП