29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГлобална компанија се закани дека ќе го напушти Островот поради Брегзит

Глобална компанија се закани дека ќе го напушти Островот поради Брегзит

Производителот на патнички авиони „Airbus“ предупреди дека ако Велика Британија излезе од Европската унија без постигнат трговски договор, може да се премисли за долгорочната позиција на Островот.

„Airbus“ наведуваат дека помеките планови предвидуваат преоден период за отцепување од ЕУ со краен рок до декември 2020-та година, даваат премногу малку време на компанијата да се прилагодува на синџирот за снабдување и спречува евентуално проширување на партнерствата во Велика Британија, пренесува „CNBC“.

Компанијата која ги произведува крилата за сите свои патнички авиони на Островот, наведува дека инстант напуштањето на единствениот пазар на Заедницата и царинската унија без никаков преоден период ќе доведе до „тежок судир и прекин“ на производството во Велика Британија.

„Кажано пo друг начин, сценариото без договор директно се заканува на иднината на „Airbus“ во Велика Британија“, вели Том Вилијамс, оперативен директор на „Airbus Commercial Aircraft“.

„Airbus“ презема мерки за намалување на ризикот, вели тој во соопштението без дополнителни детали.

Во месец март Вилијамс изјави на персоналот на компанијата преку видео порака дека „Airbus“ сака да купи повеќе делови, за да си изгради резерва при евентуално прекинување на производството, откако земјата ќе ја напушти ЕУ на 29-ти март 2019-та година.

Аналитичарите велат дека „Airbus“ најверојатно нема да се повлече од Островот поради долгиот список на авиони кои чекаат да се состават. Но, од друга страна, компанијата може да ги премести своите крилја од новата генерација на авиони, чиј развој се очекува да почне во средината на следната деценија.

Германија, Шпанија или развојните авијациски пазари како Јужна Кореја се меѓу потенцијалните кандидати за преземање на активностите, ако компанијата си замине од Островот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП