25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРесторан во Њујорк го нуди најскапиот милк-шејк во светот

Ресторан во Њујорк го нуди најскапиот милк-шејк во светот

Милк-шејкот понуден од ресторан во Њујорк, САД, е признат од Гинисовата книга на рекорди за најскапиот во светот.

Пијалокот милк-шејк лукс чини од 100 долари, се нуди во чаши, украсени со над 3.000 „Swarovski“ кристали, и вклучува куп одбрани состојки составени од кулинарот Џо Колдерон од локалот „Серендипити 3“.

Меѓу состојките се млеко од крави од раса Џерси кои живеат на Нормандските Острови, ванила сладолед од Тахити, ванила од Мадагаскар, 23-каратно јадливо злато, карамелизира сос со магарешко млеко и какао од Венецуела, ликер од цреши и шлаг.

„Фасциниран сум дека остваривме уште едно достигнување при хранливите рекорди“, вели шефот Колдерон.

Ресторанот „Серендипити 3“ фигурира во Книгата на рекорди и со најскапите сендвич и десерт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП