“Џенерал Електрик” на 26 јуни веќе нема да биде меѓу првите 30 американски компании во индексот на берзата “Дау Џонс”.
Позицијата на “Џенерал Електрик” во индексот “Дау Џонс” ќе припадне на фармацевтската компанија “Walgreens Boots Alliance”.
Вредноста на акциите на “Џенерал Електрик” е преполовена во претходните 12 месеци, а компанијата објави дека ќе продолжи со реструктуирање со продажбата на одредени бизниси.