18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon ќе вработи 1.000 нови лица во Ирска

Amazon ќе вработи 1.000 нови лица во Ирска

Американските компании се одговорни за 1 од 10 работни места во Ирска, соопшти „CNBC“.

Втората по големина јавна компанија во Америка, „Amazon“, објави дека ќе го зголеми бројот на своите вработени во земјата со повеќе од 1.000 луѓе во текот на следните две години.

Ако тоа се случи, „Amazon“ ќе има повеќе од 3.500 вработени лица во земјата, што во последниве години бележат намалување од големите технолошки компании.

Објавените слободни работни места се најголемото вработување објавено од секоја компанија во Ирска во оваа година.

Според владината инвестициска агенција, за првите шест месеци од 2018-та година, странските компании ќе вработуваат вкупно 11.300 нови работници.

Ирска ги привлекува меѓународните компании со низок корпоративен данок од само 12,5%. Освен „Amazon“, можеме да додадеме и други големи гиганти како „Apple“, „Google“ и „Facebook“.

Од „Amazon“ исто така додаваат дека исто така ќе го зголеми својот персонал во Велика Британија со дополнителни 2.500, до 28.000 лица.

„Одлуката на „Amazon“ да вработи нови 1.000 работници во нашата земја се совпаѓа со нашата мисија да ја направиме Ирска иновативна и дигитална економија, која е лидер на технолошкиот сектор“, вели премиерот Лео Варадкар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП