26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСпектакуларен хотел во кој уживаа лидерите Трамп и Ким Јонг-ун (фото+видео)

Спектакуларен хотел во кој уживаа лидерите Трамп и Ким Јонг-ун (фото+видео)

Станува збор за хотелот „Capella“ сместен на островот Сентоса во Сингапур, долго се шпекулирало на прашањето за тоа каде ќе бидат сместени Трамп и Ким, и како прва опција на листата бил луксузниот хотел „Shangri-La“, но сепак на крај се одлучиле за овој прекрасен хотел.

Ние ви нудиме прилика да погледнете во овој хотел со 5 ѕвезди..

Тој се состои од неколку одморалишта, поседува терени за голф, волшебен парк, многубројни базени и одлична услуга, а одморот е загарантиран особено со џакузито кое е сместено на тераса.

Опкружен е со тропски шуми, има 3 базени на отворено и прекрасни спа центри. Сите соби имаат безжичен интернет и поглед кон морето. Додека пак личните помошници ви стојат на располагање 24 часа секој ден.

Ресторанот „Knolls“ е отворен цело време и нуди традиционални деликатеси. А, пак другиот ресторан наречен „Cassia“ приготвува совршени кинески специјалитети.

Извонредниот дизајн со закривени модерни згради, суптилно помешани со зеленилото и тропската идила ќе ве остави фасцинирани.

Нема сомнеж дека двајцата лидери во овој хотел поминале незаборавно и квалитетно време.

Во продолжение погледнете подетално како изгледа овој хотел:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП