26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ“GUAPERIA” нова кампања за лето 2018(фото)

“GUAPERIA” нова кампања за лето 2018(фото)

Брендот Bitisiani објави нова, летна кампања во која се претставени најновите парчиња од колекцијата за лето 2018. Парчињата се наменети за момците кои се храбри и секогаш сакаар да се издвојат со својот уникатен стил и умешното комбинирање на облеката.

Кампањата на Bitisani нè носи со светот на  регетонот и кубанската румба. Самиот термин „guapo“ значи убав маж. Во општествен контекст Guaperia е прикажан со „guapos“ и претставува бунтовнички став кој може да резултира со тепачки или одмазди. Во музичката терминологија пак овој термин се поврзува со овие музички правци кои се одличуваат со многу жар и страст.

Модели во кампањата се Iasonas Laios, Evans Nipoloulos, фотографијата е на Mara Lazaridou, додека пак арт дирекцијата е на Stefanos Malamas.

Колекцијата, како што доликува изобилува со колорит и тропски принтови, кои се особено забележливи кај кошулите. Кројот на панталоните и оделата, пак неизбежно потсетува на 70-тите години, со геометриски елементи, фалти и горен дел кој ја следи линијата на телото. Модните додатоци, особено накитот се присутни за дополнување на целосниот впечаток.

Модниот филм за кампањата може да се погледне на следниов линк:

https://vimeo.com/275507272

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП