26 април, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЗамокот на воздишките се продава! (фото)

Замокот на воздишките се продава! (фото)

Сигурно ќе си помислите дека сме луди кога ќе ви кажеме дека овој стар замок е ставен на продажба по цена од 10 милиони фунти, но тоа не е ни половина од неговата вредност, поради убавините кои може да ви ги понуди.

Стар е 350 години, односно изграден во далечната 1667-та година, тој претставува ремек дело кое се наоѓа на најоригинално место во округот на Корезе во Франција.

Располага со 9 спални соби, базен, плац од 30 ари, па дури и одвоена трособна викендица и две големи камени штали во случај иднинот сопственик да посака да чува животни. Целосниот дворец е изграден во француски стил со антиквитети кои ќе ве избезумат со својата убавина и уникатност.

Имено, во текот на Втората светска војна, замокот служел како прибежиште за еврејските семејства, со што овој објект добива непроценета вредност и со себе носи уникатно историско богатство.

Доколку на вашата сметка се наоѓат пари кои сакате да бидат вложени во нешто вредно, не чекајте ни секунда овој дом ќе ви биде како оној од вашите соништа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП