
Имав можност да учествувам на еден семинар (службено) и таму еден уважен хрватски професор ни раскажа за експериментот со пет мајмуни. Оди отприлика вака.


Имав можност да учествувам на еден семинар (службено) и таму еден уважен хрватски професор ни раскажа за експериментот со пет мајмуни. Оди отприлика вака.
Во еден кафез имало пет мајмуни, на врвот од кафезот поставиле банани и внатре во кафезот поставиле скала по која мајмуните можеле да се качат по бананите. Но кој како мајмун ќе тргнел да се качува по скалата сите мајмуни биле полевани со ладна вода. Така петте водени мајмуните биле истренирани да не се качуваат по бананите.
Наредно извадиле од кафезот еден воден мајмун и ставиле внатре сув. Нормално, сувиот мајмун не знаел за полевањето со водата и тргнал да се качува по скалата. Тогаш четирите водени мајмуни го претепале сувиот мајмун и не му дозволиле да се качи по бананите, затоа што не сакале да бидат бањати со ладна вода. Значи сега во кафезот имало четири водени и еден крвав мајмун.
Извадиле уште еден воден мајмун и ставиле нов, сув мајмун, во кафезот. И повторно сувиот мајмун се обидел да стигне до бананите. Останатите четири му се нафрлиле да го тепаат, а најагресивен бил крвавиот мајмун кој сакал да се освети некому што јадел ќотек.
И се така додека во кафезот не останале пет крвави мајмуни. А бананите не биле изедени, ниту мајмуните се обидувале да стигнат до нив веќе не знаејќи ја ни вистинската, односно првичната причина за тоа.
Дали можеби сите помалце не личиме на приказната за крвавите мајмуни? Колку долго сме биле учени или спречувани да не правиме нешто па и сме заборавиле дека можеме да ги смениме работите околу нас на подобро?
Ај да се обидеме секоја вечер пред спиење да си ги поставуваме овие три прашања.
Кој не се сака себеси не може да сака никој друг.
Семејството е основна клетка на општеството.
Без здраво општество нема иднина.
И ако не сме задоволни од одговорите, да се обидеме утре да бидеме подобри.

M-r Раде Чоловиќ
Редакцијата на ДЕНАР.МК не секогаш се согласува со ставовите искажани во текстовите од нашите соработници и истите не ги претставуваат ставовите на ДЕНАР.МК