18 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСе продава вилата на некогашниот претседател Никсон (фото)

Се продава вилата на некогашниот претседател Никсон (фото)

Станува збор за спектакуларен имот кој се наоѓа во Калифорнија, а познат е под називот „Western White House“, а се продава за 63,5 милиони долари.

Сигурно се прашувате од каде тој назив, имено овој дом е купен од страна на претседателот Ричард Никсон, и тоа 6 месеци пред да ја заземе функцијата претседател во 1969-та година.

Сместена во изолиран дел од оваа земја со поглед кон Тихиот Океан, овој посед има 5.45 ари и поседува една вила која е голема 900м2 и има 9 спални соби и 14 купатила. Имотот исто така порано се нарекувал и „La Casa de Pacifiko“ а во него гостувале познати холивудски ѕвезди како што се Џон Вејн, Френк Синатра, јапонскиот премиер Еисакуа Сатоа, 17 државни службеници како и многу други.

Воедно ова е домот во кој Никсон се засолнува по добро познатиот скандал познат како Вотергејт скандал. Неколку години подоцна во 1980-та година тој ја продава оваа вила.

Изградена во 1927-та година, оваа сликовита вила има шпански стил, како и  павилјон за забава кој зафаќа 300м2 и одвоено крило за гости. Тука е и гостинската куќа со две спални соби.

Други елементи вредни за спомнување се големиот базен со поглед кон плажата и океанот, осветлениот тениски терен и дворот идеален за летни забави и прослави.

Дали би сакале да го осетите животот кој го живеел овој претседател?!

ф

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП