10 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна вила во медитерански стил

Луксузна вила во медитерански стил

me1

Дизајнирана е од страна на реномираниот архитект Кевин Кларк, и ова место не е само резиденција, туку вистинско уметничко дело…

Оваа вила е фантастично испланирана, па така, сите простории се функционално употребени и декорирани со уметнички дела и останати украси.

Се што се наоѓа внатре во вилата е креирано со голема внимателност посветена на деталите, и го украсува овој прекрасен простор од 1.400 метри квадратни.

Библиотеката е навистина прекрасно и неверојатно место, декорирано со дрвени панели и плафони. Како се движите низ оваа вила, наидувате на прекрасна, елегантна гурманска кујна и уште поубава трпезарија.

Кујната се отвора кон прекрасна просторија која ви овозможува спектакуларна атмосфера за време на доручекот.

Понатаму, семејната соба е посебна и интимна, исто така со дрвени панели и бар кој се отвора кон дворот. Во склоп со оваа вила е и романтичниот вински подрум, покрај богато опремената медиумска или работна соба.

Што се однесува до сместувањето, резиденцијата има 7 спални соби и 9 бањи, вклучувајќи го и фантастичниот Master апартман со Негови и Нејзини бања и плакари.

Тука, исто така, е и куќата за гости со две спални соби и две бањи, покрај убаво уредената дневна соба и потполно опремената кујна. Огромниот двор е украсен со се што може да ви падне на ум – базен, спа, прекрасна бујна градина, неверојатно уредени тревници, ложа и фонтани.

me2

me3

me4

me5

me6

me7

me8

me9

me10

me11

me12

me13

me14

me15

me16

me17

me18

me19

me21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП