29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Тутунски комбинат – Прилеп“ се модернизира, нуди испратнини за доброволно заминување од...

„Тутунски комбинат – Прилеп“ се модернизира, нуди испратнини за доброволно заминување од работа

„Тутунски комбинат – Прилеп“ влегува во последната фаза на реорганизација за да се постигне поголема ефикасност и модернизација на компанијата. Последниот круг од процесот на реорганизација, почнат во 2016 година, предвидува работниците доброволно да се јават за испратнината што доаѓа со доброволното заминување од компанијата.

„Изминатиот период направивме значителен чекор напред со враќање на финансиската стабилност на компанијата. По шест години, немаме долгови кон државните институции и се наоѓаме на вистинскиот пат.

„Изминатиот период направивме значителен чекор напред со враќање на финансиската стабилност на компанијата. По шест години, немаме долгови кон државните институции и се наоѓаме на вистинскиот пат и навреме сме со нашите плаќања кон други комерцијални партнери и банките. Имавме добра сезона за откупување тутун. Но, постојат одредени промени што треба да се направат за да бидеме поефикасни. Процесот на трансформација опфаќа и процес на доброволно заминување, што е неопходно. Во текот на изминатите години компанијата е во состојба на прекумерно вработување, па затоа потребна е ревитализација, приспособување кон глобалните трендови и создавање компанија која е ефективна и профитабилна. Тука нема оштетена страна, секој е победник, а најдобра корист е отворањето можности за раст на компанијата, која во иднина ќе обезбеди можност за отворање нови работни места за младиот персонал“, изјави генералниот директор на комбинатот, Кире Станкоски.

Процесот ќе биде спроведен во координација со Синдикатот, од каде што дале позитивно мислење за целиот процес.

„Ова е важен чекор за сите вработени. Бидејќи доброволните пакети се прават врз основа на подобрен принцип од последниот пат и сега знаеме дека е конечен, на тој начин луѓето се охрабруваат да го преземат овој значаен и корисен чекор знаејќи дека нема да има следен круг“, рече Игор Китаноски од синдикалната организација на комбинатот.

Од комбинатот велат дека со модернизацијата помогната од „Филип Морис“ стануваат пофункционална и пооперативна компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП