Фејсбук го претстави својот нов производ, кој беше очекуван од целиот свет. Имено, многумина шпекулираа дека Цукерберг ќе претстави своја линија на смартфони, но тоа не се случи.
Фејсбук претстави нова алатка за пребарување на слики на пријатели.
Претставниците на популарната социјална мрежа, наместо мобилен телефон, го понудија „Graph Search“, потполно нов пребарувач на содржина. „Graph Search“ е нова компонента на Фејсбук, која би требало на сите корисници да им овозможи подетално пребарување на содржината според различни и многу детални параметри. Моментално пребарувачот на Фејсбук е нефункционален и резултатите од пребарувањето во голем број од случаите се ирелевантни. Новитетот „Graph Search“ би требало да ја поправи оваа состојба.