19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon ќе отвори над 2.500 работни места во Велика Британија

Amazon ќе отвори над 2.500 работни места во Велика Британија

Американската компанија за онлајн трговија „Amazon.com“ ќе отвори над 2.500 постојани работни места во Велика Британија во текот на оваа година, со што работната сила на компанијата во земјата ќе достигне 28.000 лица, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на официјалното соопштение на „Amazon“.

Интернет гигантот соопшти дека работните места ќе бидат во нејзината централен канцеларија во Одделението за студии и развој, веб услуги и оперативни улоги.

Одделно од испораката на стоки, „Amazon“ нуди услуги кои вклучуваат видео стриминг и дигиталниот асистент „Alexa“.

„Ангажирани сме со Велика Британија, продолжуваме да инвестираме во оваа земја“, објасни Даг Гри, менаџер на „Amazon“ за земјата.

Компанијата има инвестирано над 9,3 милијарди фунти (12,5 милијарди долари) во британските операции од 2010-та година, коментира тој, но одби да даде детали за финансиските резултати на „Amazon“ во земјата.

Во јануари компанијата најави дека ќе создаде 400 работни места во еден од новите центри во земјата.

Гри не е загрижен поради желбата на Велика Британија да ја напушти Европската унија.

„Ќе почекаме и ќе видиме што ќе се случи и ќе се прилагодиме, ако е потребно“, вели менаџерот.

Тој одби да ги коментира написите во медиумите дека „Amazon“ направила неуспешен обид да се здобијат со британскиот синџир супермаркети „Waitrose“ на крајот на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП