29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВо потрага сте по место кое ќе направи да заборавите на грижите...

Во потрага сте по место кое ќе направи да заборавите на грижите и бучавата?!(фото+видео)

Спектакуларниот „White Exclusive Suites & Villas“ ќе ви понуди што ви е потребно, за да ви обезбеди незаборавен помин.

Ова феноменално место се наоѓа на на еден од португалските острови во Азорес, кои воедно се омилени дестинации за одмор.

Сместен во Атланскиот океан, архипелагот Азорес е рај во кој посетителите можат да уживаат во присуствотo на китовите, пешачењето по вулканите и спуштањето по водопадите.

Одморалиштето располага со 10 луксузни соби и апартмани, а се наоѓа во Лагоа, тоа е мал приморски град, во јужниот дел на островот Сао Мигуел.

Во понудата се наоѓа и самостојна вила, која е идеална за оние кои сакаат да побегнат од се, и да се поврзат со природата. Сепак, не веруваме дека би можеле да побегнете од базенот како и ресторанот кој служи свежа морска храна, но без разлика дали ќе се одлучите за вилата или одморалиштето забавата и задоволството ви се загарантирани.

Во продолжение погледнете како се готви традиционалната португалска храна, и тоа со помош на вулкан:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП