7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШирум Европа регистрирани проблеми со платежните картички „Виза“

Ширум Европа регистрирани проблеми со платежните картички „Виза“

Компанијата за платежни картички „Виза“ информираше дека на територијата на Европа се регистрирани низа проблеми при наплатата со вакви картички, објави денеска Би-Би-Си.

Опсегот на проблемот се уште не е целосно јасен и дефиниран, меѓутоа голем број на клиенти низ цела Европа се пожалиле дека нивните плаќања се одбиени.

„Ја истражуваме причината и правиме се што е можно побрзо за да ја решиме ситуацијата“, велат од „Виза“ во официјалното соопштение.

Британската банка HSBC, одговарајќи на поплаки од клиентите испратени на социјалните мрежи, рекла дека има проблем при процесирањето на наплатите од овие картички, но дека ситуацијата полека се подобрува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП