2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИS & P го намали рејтингот на Deutsche Bank до BBB +

S & P го намали рејтингот на Deutsche Bank до BBB +

Рејтинг агенцијата „Standard & Poor’s“ го намали кредитниот рејтинг на „Deutsche Bank“ од „А-“ до „ВВВ +“ поради загриженоста околу способноста на банката да ги реструктуира своите активности, соопштува „Ројтерс“.

Во април „S & P“ ја стави „Deutsche Bank“ под „набљудување“ со можност за намалување на рејтингот, велејќи дека ненадејната промена во позицијата на главниот извршен директор може да го продолжи реструктуирањето на доверителот.

Рејтинг агенцијата ја стави под знак прашање способноста на новиот извршен директор Кристијан Зивинг да го исполни планот за намалување на глобалното инвестициско банкарство, префокусирајќи се врз Европа и локалниот пазар по три последователни години на загуба.

„Гледаме значителни ризици пред менаџментот при спроведувањето на ажурираната стратегија во позадината на тековниот неповолен пазарен контекст. Сметаме дека во споредба со нивните колеги, „Deutsche Bank“ ќе се презентира полошо некое време“, изјави „S & P“ во петокот.

„S & P“ потврди дека рејтингот на првостепениот необезбеден долг на „Deutsche Bank“ останува на ниво „ВВВ –“ што ја зголеми цената на акциите на банката со 3% во предпазарната трговија, откако во четвртокот таа го достигна најниското ниво од септември 2016-та година.

„Го цениме тврдењето на „S & P“ дека управувањето презема силна акција за да ги намали основните трошоци и да го префокусира бизнисот, за да најде решение на сегашната слаба профитабилност на банката“, изјавија од „Deutsche Bank“.

Во исто време, според Европската централна банка германскиот кредитор постигнува добар напредок во напорите да ги реши регулаторните загрижености во однос на него, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се извор кој е запознаен со размислувањето на ЕЦБ.

„Банката постигнува добар напредок во изминатата година, за да одлучи за регулаторната загриженост“, вели изворот, кој побарал анонимност поради чувствителноста на информацијата.

„Банката во моментов има построг менаџерски тим, добар капитал и ликвидност и надзорниците [ЕЦБ] се спокојни од плановите кои ги гледаат“, вели изворот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП