24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСпектакуларен хотел со поглед кон Хималаите (видео)

Спектакуларен хотел со поглед кон Хималаите (видео)

Хотелот е сместен во срцето на селото Касар Деви, се наоѓа на висок гребен, и е вистинско одморалиште сместено во прекрасна природа со фасцинантен поглед кон Хималаите.

Во оваа област имате прилика да ги посетите традиционалните села, да се спуштите во шумата, да ги посетите камените древни храмови или да се опуштите покрај ветерот и сонцето.

Прекрасниот хотел се наоѓа на 1.600м надморска височина и нуди неверојатен поглед.

Се состои од 10 луксузни апартмани, струкурата е од камен и цигли, а притоа обложена е со бамбусови трски.

Кога станува збор за ентериерот на овој хотел, дизајнерите со цел да предизвикаат чувство на единственост и уникатност користеле дрво и гранит при поплочување на балконот.

Тука се наоѓа и ресторанот кој изобилува со прекрасна храна, како и тераса за сончање и библиотека.

Доколку се одлучивте следниот одмор да го поминете тука, во продолжение погледнете со каква убавина располагаат хималаите:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП