26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМенаџерот најави трансфер на Левандовски

Менаџерот најави трансфер на Левандовски

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, најверојатно во овој преоден рок ќе го напушти клубот, открил неговиот менаџер Пини Захави.

Левандовски (29) во Минхен пристигна во 2014 година, без обезштетување, од Борусија Дортмунд, а со Баерн има договор до 2021 година.

„Роберт смета дека му е потребна промена и нов предизвик во кариерата. Челнците на Баерн се известени и го знаат тоа. Левандовски не размислува за парите или за некој одреден тим“, рекол Захави, дополнувајќи дека води преговори со три различни екипи.

Во минатото, репрезентативецот на Полска најчесто се поврзуваше со трансфер во Реал, а според шпекулациите, сега интерес за неговите услуги покажале и ПСЖ, Интер и Јувентус.

Левандовски во изминатите четири сезони одиграл 195 натпревари за Баерн и постигнал 151 гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП