Доколку неможете да се логирате на „Facebook“ една од причините може да биде дека профилот ви е блокиран.
„Facebook“ има многу строги мерки кога се во прашање профилите и често може да ги блокира без никаква причина. Обидете се да не ги правите овие десет работи.
1) Профилот ви е хакиран.
Доколку хакери ви го нападнат профилот тие можат во многу краток временски период да го искористат за испраќање на спам мејлови, ширење вируси и многу други работи. Чим „Facebook“ ги забележи овие сомнителни активности може да ви го блокира профилот и тогаш практично е потребно да докажувате дека вие не сте го сториле тоа, туку хакери.
2) Не го користите вистинското име.
Можеби не сте знаеле, но едно од правилата на „Facebook“ е дека секој мора да го користи своето вистинско име. Многумина од нас тоа не го прават, но постојат многу случаи кога луѓето по грешка го откриле својот вистински идентитет или пак често го менувале името. Во тој случај „Facebook“ ќе ве блокира без никакво предупредување.
3) Праќате премногу барања за пријателства во краток временски период.
Ова најчесто им се случува на лицата кои само што го направиле својот профил. Доколку испратите премногу барања за пријателства „Facebook“ може да ве банира мислејќи дека сте спамер.
4) Имате два или повеќе профили.
Уште едно од правилата за користење на „Facebook“ е и тоа дека можете да имате само еден профил. Доколку забележат дека имате повеќе профили можат сите да ви ги блокираат. Постоењето на два профили не е реткост и голем број на луѓе го практикуваат тоа.
5) Луѓето често ви ги одбиваат барањата за пријателство.
„Facebook“ тргнува од претпоставка дека доколку испратите барање за пријателство на вашите пријатели, тие ќе го прифатат тоа барање. Не е пожелно да се додаваат странци како пријатели, затоа што ако поголем број од нив го одбијат барањето, тогаш може да бидете окарактеризирани како спамер.
6) Доколку некого навредувате на верска, национална или било која друга основа.
Ваквото навредување може да биде по пат на слика, статуси, основање групи и слично.
7) Порнографија.
Промовирањето на порнографија во секоја смисла, поставување на провокативни слики и слично.
8) Спамување.
Ако испраќате иста порака на голем број пријатели или ако поставувате иста порака на повеќе групи или страници, делувате како спамер и пристапот може да ви биде забранет.
9) Зачленети сте во премногу групи.
Ограничувањето е по 200 групи по корисник.
10) Рекламирање.
Доколку земате пари ако ставите некој статус или вест на вашиот ѕид.