18 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕБајковита идила која ќе ви пружи неограничено задоволство (фото)

Бајковита идила која ќе ви пружи неограничено задоволство (фото)

Станува збор за дом кој се наоѓа на површина од преку 1.500м2, а кој моментално се продава по цена од 15.9 милиони долари.

Кога ќе фрлите поглед во внатрешноста на овој луксузен објект, и кога ќе видите каков бајковит живот нуди ќе ви биде јасно зошто се продава по таа цена која во однос на уникатноста на овој дом е многу ниска.

Целосниот објект е изграден од материјал кој е донесен од Тексас, при што секоја нејзина просторија има квалитетни дрвени подови. Најмногу внимание е посветено баш на деталите кои изобилуваат со совршенство.

Идите сопственици ќе можат да уживаат во дневната соба, трпезаријата и кујната. Секако тука е и винскиот подрум како и библиотеката која воодушевува со прекрасниот мермерен камин.

Ако имате гости, барот во предсобјето е совршен за оставање добар впечаток и убав помин, тука се и просторијата за вежбање и салонот. А да не ја забораваме и гаражата во која собира дури 5 автомобили.

Имено, оваа раскошна вила располага со 4 спални соби, 8 купатила, просторија за гости со 1 спална соба и купатило. Имотот се наоѓа на посед од околу 1.01 хектари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП