28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОбединувањето помеѓу Renault и Nissan е одложено

Обединувањето помеѓу Renault и Nissan е одложено

Речиси готовото обединување меѓу компаниите „Renault“ и „Nissan“ нема да биде завршено пред 2020-та година. Причините се правни и технички потешкотии, соопштуваат медиумите во Јапонија.

Конечното спојување може да се случи само откако ќе биде одобрено од владите на Франција и Јапонија. Пред тоа сепак двете компании треба да „исчистат“ голем број случаи во нивните односи, а голем дел од нив во моментов се нерешливи.

Како што е познато, „Renault“ има 43,5% од корпоративните права на „Nissan“. За возврат, јапонскиот производител поседува 15% од францускиот. Најверојатно, повторното обединување ќе доведе до појава на нова компанија, како и ново семејство на автомобили.

Според медиумите во Јапонија е сосема можно пред завршување на трансакцијата да се дојде до обединување помеѓу „Nissan“ и друг јапонски производител – „Mitsubishi“, што за возврат исто така ќе се покаже како потешкотија пред реализирањето на крајното обединување со „Renault“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП