23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ„Angra Dos Reis“, мал рај премногу совршен за да биде реален (фото+видео)

„Angra Dos Reis“, мал рај премногу совршен за да биде реален (фото+видео)

Составен од 365 острови, овој прекрасен регион е локација на која најбогатите луѓе го поминуваат својот одмор, тие го одбираат ова место со цел да ја „впијат“ енергијата и свежината на морето, истовремено и да уживаат во возењето со брод.

Добра вест за сите е тоа што овој мал рај, оваа идила која се простира на 12 хектари, достапна е и за оние кои ќе сакаат „Angra“ во иднина да ја нарекуваат „свој дом“, достапна е за само 9.85 милиони долари.

Во јужниот дел од овој остров изградена е шармантна вила, со голем балкон, трпезарија, како и три бунгалови кои располагаат со пет спални соби и приватни купатила.

Самиот посед ви нуди повеќе од 1.000м2 простор, со големи кади, сауни, приватно кино и кујна на отворено. А секако бидејќи се работи за приватен остров има и рампа за бродови.

Тука е и хеликоптерот, кој ќе ви го олесни доаѓањето до ова совршено место.

Ако не ни верувате погледнете и сами како овој рај изнудува насмевки кај сите посетители:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП