18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКоја е најголемата американска компанија, списанието "Fortune" ја објави најновата листа "Fortune...

Која е најголемата американска компанија, списанието “Fortune” ја објави најновата листа “Fortune 500”

Овогодинешната “Fortune 500” го одбележува 64-тото издание на листата. Вкупно “Fortune 500” компании претставуваат две третини од БДП на САД со 12,8 трилиони долари во приходи, 1.000 милијарди долари во профит, 21,6 трилиони во пазарна вредност и вработуваат 28,2 милиони луѓе ширум светот.

Во 1998 година IBM беше најголемата американска технолошка компанија во однос на приходите. Сега, околу 20 години подоцна, таа не е ни меѓу првите 30 на листата “Fortune 500”. Списанието “Fortune” ја објави својата годишна листа на 500 најголеми американски компании по продажба.

На овогодинешната листа, по приходи прва е “Walmart”, шеста година по ред. “Apple”, највредната и најпрофитабилна компанија на листата со пазарна вредност од 850 милијарди долари и 48 милијарди долари профит, падна на 4-тото место. “Амазон”, најголем конкурент на листата кој влезе за прв пат во првите десет и е рангиран на 8-то место.

На врвот на листата се вообичаените “Walmart”, “Еxxon Mobil”, “Berkshire Hathaway”, “Apple” и “Amazon”. Листата “Fortune 500” исто така е доказ за порастот и падот на одредени индустрии. Гигантите како “Amazon” и “Apple” во 1998 година не беа на таа листа. “Apple” беше дури и под првите 100 во 2008 година, додека “Amazon” и не влезе на листата во тоа време.

Сепак, овие два технолошки гиганти во 2017 година имаа повеќе од 400 милијарди долари во приходи, додека спротивното се случи со банките. Додека во 2008 година, три банки беа во првите 20 на листата, од кои две – “Citigroup” и “Bank of America” беа меѓу првите 10, сега е само една банка – “J.P. Morgan” која едвај влезе во топ 20.

“General Motors” во 20 век доминираше на листата, пред доаѓањето на “Exxon Mobil” и “Walmart”, кои сега се во Топ 10, со што заедно имаат повеќе од 400 милијарди долари во приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП