25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕзерото Комо ќе го добие првиот хотел со 5 ѕвезди?!

Езерото Комо ќе го добие првиот хотел со 5 ѕвезди?!

Езерото Комо во Италија е една од најпосакуваните дестинации, сепак покрај сите негови убавини до сега во понудите не можеше да се најде ниту еден хотел со 5 ѕвезди.

Но, ова останува во минатото, поради тоа што „Vista Palazzo“ ќе се отвори уште следниот месец. Палатата која датира од 19-от век, е реновирана од страна на „Lario Hotels Group“, и сега нуди соби и апартмани кои се шик и модерни.

„Vista“ располага со 18 пространи соби и апартмани. Благодарение на совршениот италијански мермер, длабоките кади и одвоените тушеви, купатилата поседуваат квалитет како кај спа центрите.

Овој хотел дефинитивно ја дефинира убавината на овој регион и на италијанскиот гламур. Но тоа не е се, за крај го оставивме кровот во кој се наоѓа библиотеката како и прекрасниот ресторан. Како што е случај со сите хотели кои имаат 5 ѕвези, така и „Vista“  е во можност да ви понуди врвни услуги со цел да го направат вашиот одмор совршен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП