1 мај, 2024
ПочетнаКОЛУМНИМисла на неделата – Паркови на транзицијата

Мисла на неделата – Паркови на транзицијата

Во (веќе далечната) 2006-та година бев на годишен одмор во Република Албанија. Интересно ми беше што на самата плажа на поедини места имаше бункери.  Да, вистински бункери, како оние што ги гледавме во филмовите за партизаните во втората светска војна. Бункерите беа остаток од едно минато време под диктаторски режим кој владееше со Албанија долги години.

Е сега што сакам да кажам. Секој ден кога се возам на работа поминувам покрај “споменици на транзицијата”кои ги доживувам како тие бункери. Тука е фабриката која е во населба Хром пред железничкиот мост  на Вардар, малце понакај центар е и бивша Алумина. Кога ќе тргнеш накај Драчево – Стаклара. Има  и уште нели?

Читав дека некаде во Англија поранешен површински коп кој не е повеќе во употреба е претворен во парк полн со зеленило, вештачки езерца и слично.

Па си мислам, зошто и ние овие површини не ги претвориме во паркови полни со зеленило и разни социјално-забавни површини.  Прво ќе се промени лошата слика, а второ ќе изградиме нови бели дробчиња на градот, па и места каде соседите ќе се дружат и шетаат.

И сега опортунистите ќе кажат, тоа е приватна сопственост или има нерешени имотно правни односи и слично. Но по дефиниција во демократијата власта е кај граѓанинот, кој преку своите избрани претставници управува со општината, градот или државата. Сакам да кажам се менува Детален урбанистички план и генерални урбанистички планови, односно на јавна расправа граѓаните ќе се изјаснат за истите и “оп” приказната е завршена. Потоа му се дава обврска на сопственикот да го среди земјиштето според новите урбанистички планови или ако не му одговара секогаш може да го продаде имотот на државата за по едно евро квадратен метар. А кај нерешените имотно правни односи, експропријација и готова работа.

Убеден сум дека парковите на овие места повеќе ќе личат и ќе им се помили на граѓаните отколку нови станбени блокови, без оглед колку и да собере пари Општината и Градот од комуналии.

Се пријавувам за волонтер во градењето на парковите.

М-р Раде Чоловиќ

 

Редакцијата на ДЕНАР.МК не секогаш се согласува со ставовите искажани во текстовите од нашите соработници и истите не ги претставуваат ставовите на ДЕНАР.МК

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП