19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКој не би ја сакал оваа вила за свој дом, ќе полудите...

Кој не би ја сакал оваа вила за свој дом, ќе полудите по „Golden Palace“! (фото+видео)

Грациозната палата сместена во Санкт Петербург, изнудува воздишки кај секој кој ќе ја посети. Високите плафони, големите прозори како и прекрасните спирални скали совршено се вклопуваат во оваа раскошна вила, а пак позлатениот лустер со осваровски кристали и рачно изработените орнаменти, дефинитивно ја објаснуваат поврзаноста на оваа вила со Русија.

Исто така, мора да ги спомнеме скулптурите во форма на лав на самиот влез, креирани од рачно изработен мермер од Ерусалим.

Оние кои ќе ја имаат таа среќа да бидат сопственици на оваа вила ќе уживаат во огромните спални соби, кои имаат свои балкони, камини сваровски лустери и многу други кристали кои даваат уникатност и пријатност. Тука е и прекрасната сауна, како и тушот кој работи на допир и био светла, додека пак џакузито дава неверојатен шарм.

Со цена од 14.8 милиони долари, „Golden Palace“ може да ви понуди прекрасен живот. Во кујната се наоѓа рачно изработениот бел плакар со позлатени детали. Кристалите и златно обоените ѕидни ламби ја праваат трпезаријата идеално место за уживање.

Од друга страна пак, елегантната дневна соба е опколена со прозори кои се големи колку цел ѕид. Погледот кон Атланскиот океан ќе ви го направи секој поминат миг во оваа вила исполнет со задоволство.

Базенот кој има топла воедно и солена вода е идеален за опуштање во текот на денот. Би сакале ли ова да биде ваш дом?! А кој не би..

А, еве со каква убавина изобилува градот во кој е сместена оваа прекрасна вила:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП