18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft му „објави војна“ на Apple: Пристигнува конкуренција на iPad?

Microsoft му „објави војна“ на Apple: Пристигнува конкуренција на iPad?

„Microsoft“ работи на своја верзија на таблет уред, која би требало да чини 400 долари.

Конкурентот на „iPad“ би можел да се најде на пазарот веќе во втората половина на 2018-та година, пишува „Bloomberg“.

Тој ќе има заоблени рабови, „USB-C“ порт и 10-инчен екран, што значи дека овој таблет ќе биде помал и поевтин од „Surface Pro“ уредот кој има екран од 12-инчи, и чија цена за основниот модел изнесува 799 долари.

Само за споредба, стандардниот „iPad“ има екран со големина од 9,7-инчи.

Новиот таблет исто така ќе биде полесен од премиум моделот и ќе биде опремен со батерија чиј живот изнесува четири часа, додека батеријата на „Surface Pro“ трае 13,5 часа со едно полнење.

Една верзија на следниот „Surface“ уред ќе има 64GB простор за складирање на податоци, додека другиот модел ќе има 128GB.

Двата таблети ќе го користат „Windows 10 Pro“ и ќе може да се поврзат на „LTE“ мобилната мрежа.

Покрај новите уреди, „Microsoft“ планира да претстави и поевтин пакет од тастатура, глувче и „stylus“ пенкало. Моментална цена на пакетот изнесува 160 долари.

Од „Microsoft“ не сакаа да ги коментираат овие информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП