27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕАрхитектонските уметници го достигнаа врвот, совршенство од алги и стакло (фото)

Архитектонските уметници го достигнаа врвот, совршенство од алги и стакло (фото)

Архитектонското студио „XTU Architects“ кое се наоѓа во Франција го разви концептот за 4 стаклени кули во Хангџоу во Кина, прекриени се со невероjатно прекрасни алги кои даваат уникатен изглед.

Концептот вклучува воведување на слој на алги со цел обезбедување на природна изолација, како и компензација на влијанието врз животната средина преку апсорпција на јаглерод диоксид и производство на кислород.

Овој процес на изолација со помош на алги, архитектонското студио го разгледува и развива со години.

Стаклените кули обезбедуваат топлина која се добива со помош на рефлекцијата на сончевите зраци. Вакви кули за прв пат се изградени во Хамбург, Германија. Алгите кои растат на овие стаклени платформи можат да се користат за обновување на енергија.

„XTU“ студиото исто така, додаде дека можат да бидат многу корисни во медицината и козметиката, каде што, стануваат најкористени благодарение на протеините и хранливите материи кои ги содржат во себе.

Други фантастични детали се панелите покриени со вегетација и дрва кои ќе го прочистуваат воздухот.

Обликот на кулите ќе биде поразличен поради дождот кој ќе се лизга по краевите низ отворите и ќе завршува во базенот, па на тој начин ќе се води грижа и за штедење на вода.

„Хангџоу е град во кој водата е доста присутна скоро на сите страни, па сакаме да ја продолжиме таа традиција“, рекоа архитектите.

Секоја од кулите тематски би ја покажувала „француската експертиза“. Гостинската кула ќе располага со хотел, спа центар и козметички салон.

Стаклената идила која изобилува со уметност ќе има галерија и резиденции наменети за уметници додека пак, во четвртата кула просториите би биле канцеларии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП