5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПриродата и луксузот во една куќа

Природата и луксузот во една куќа

pri1

Постои ли некој кој не би сакал да живее во градина, богата со прекрасна вегетација, која ги одмора очите и душата? Секако дека не постои. Но, колку и да ја сакаме природата, на сите ни е потребен покрив над глава, за да можеме да преживееме. Ќе се сложите ли со нас дека совршениот склоп на удобност, елеганција, луксуз и ефект на живеење во градина, е постигнат токму во оваа куќа?

„Sky Garden House“ е куќа со фантастични градини на три нивоа, една на кровот и две на балконите. Се наоѓа на островот Сантоса во Сингапур, а е дизајнирана од страна на сингапурското архитектонско студио Guz Architects.

Во оваа куќа е вклучен и еден долг базен, кој се наоѓа во дворот и продолжува надолу длабоко се до подрумот, каде можете да видите кој од вашите гости нурка во моментот, преку огромниот стаклен прозорец.

Внатрешните скали имаат спирален облик, стаклена ограда, дрвен гелендер и дрвени скалила.

Кривулестиот покрив е целосно прекриен со трева и има прекрасен поглед кон заливот.

Покрај невообичаениот преден дел, како и целата куќа во целина, не е заборавена ниту задната тераса богата со вегетација, до која имате визуелен поглед кон зеленилото преку стаклениот прозорец, доколку во моментот се наоѓате на горниот кат.

Целта на архитектите била да се постигне „градинарски ефект“ во секој дел од куќата. Па така, додека уживате во зеленилото седејќи во некоја од „небесните градини“, кога ќе погледнете надолу низ стаклениот прозорец, повторно ќе гледате во зеленило.

pri2

pri3

pri4

pri5

pri6

pri7

pri8

pri9

pri10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП