18 април, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапите вили на славните ѕвезди ќе ве остават без здив! (фото)

Најскапите вили на славните ѕвезди ќе ве остават без здив! (фото)

Сигурно барем еднаш во животот сте посакале живот во луксузен дом, како оној на познатите личности?!

А како ли изгледаат вилите на познатите личности?!

Ви одвоивме неколку од нив, погледнете колку се луксузни и колку хипнотизираат со својата убавина.

Ова се 10- те најскапи куќи на славните личности:

Ким Кардашијан и Канје Вест

Вилата која е во сопственост на познатиот пар се наоѓа во Бел Еру во Калифорнија. Има прекрасен поглед кон Пацификот. А нејзината цена е 20 милиони долари.

Сајмон Кауел

Легендата на американската емисија Американски идол добро познатиот Сајмон Кауел, живее во фантастичната вила во Беверли Хилс. Овој луксузен имот го чува безбедносниот систем кој го користеше Џејмс Бонд во филмовите. Куќата е вредна дури 29 милиони долари.

Еди Марфи

Еден и единствен, Еди Марфи живее на имот кој е огромен. А куќата ја платил 30 милиони долари.

Елен Де Џенерас и Порша Роси

Елен и Порша живеат во Лос Анџелес. Куќата располага дури со 9 купатила, 6 спални соби и дизајнирана е од славниот архитект Кинси Џонсон. За оваа стаклена идила одвоени се неверојатни 39.8 милиони долари.

Роб Луи

Некогашниот славен актер Роб Луи е сместен во Санта Барбара. Неговиот дом има 20 соби, базен, теретана и соба за видео игри. Тој за оваа куќа платил фантастични 42 милиони долари.

Џеј Зи и Бијонсе

Гнездото на Џеј Зи и Бијонсе е лоцирано во Бриџ Хептон. Станува збор за огромна куќа која е вредна 43 милиони долари.

Рајан Сикретс

Продуцентот на „channel E!“, купил куќа во Беверли Хилс од веќе споменатите Елен Де Генерас и Порша за 49 милиони долари.

Тајгер Вудс

Иако има изгубено доста пари, поранешната голф ѕвезда Тајгер Вудс сеуште може да си дозволи луксузен дом кој чини 60 милиони долари.

Анџелина Џоли

Добро познатата Анџелина Џоли со своите 6 деца живее во замок како од бајките. Глумицата овој дворец го купила за 61 милион долари.

Опра Вифни

Кралицата која секојдневно е пред малите екрани, живее убедливо во најскапа вила која се наоѓа во Калифорнија, во неа има 10 камини, 14 купатила и 6 спални соби. Славната водителка по купувањето комплетно ја реновирала куќата, со што цената драстично се зголемува на 85 милиони долари.

Колку од вас би сакале барем еден ден да бидат во кожата на Опра?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП