25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИБез сензор за отпечаток: Наскоро пристигнува новиот Note

Без сензор за отпечаток: Наскоро пристигнува новиот Note

Откако „Samsung“ во февруари ги претстави „Galaxy S9“ и „S9+“, oваа јужнокорејска компанија се подготвува за премиера на новиот премиум уред од серијата „Note“.

Иако официјално се уште ништо не е познато, оваа недела на Интернет се појавија гласини во врска со опциите кои би требало да ги има новата генерација на почетниците во категоријата фаблети.

Во однос на претходната, новата „Note“ генерација ќе има сличен 6,3 инчен екран, а не треба да се очeкуваат некакви радикални промени во врска со дизајнот на овој уред.

Хардверски, „Note9“ би требало да ги има класичните опции на последните најдобри паметни телефони – процесор „Snapdragon 845“ и 6GB RAM, додека уредот ќе се испорачува со верзијата „Android 8.1 Oreo“ која речиси со сигурност подоцна ќе може да се надогради со следната верзија „Android P“.

Капацитетот на батеријата би требало да изнесува 3850mAh, и ќе поддржува брзо и бежично полнење, а од останатите опции би требало да се спомене двојната камера, како и кај моделот „S9“, подобрена предна камера за „селфи“ и уште подобар „S-Pen“.

Исто така, „Note9“ ќе има поддршка за новата генерација на гласовниот асистент на „Samsung“ – „Bixby“, a во продажба ќе се појави и верзија на овој уред со два влезови за „SIM“ картички.

Една од опциите за која и претходно се зборуваше, но која сепак нема да се појави во новиот „Note“ е сензорот за отпечаток на прстот интегриран во екранот на телефонот. Оваа технологија е веќе претставена во некои модели на паметни телефони и се споменуваше дека „Samsung“ би можел да ја имплементира во следниот „Note“, но се чини дека, барем оваа година, тоа нема да се случи.

Како и минатата година, претставувањето на новиот „Note“ се очекува кон крајот на август, пред почетокот на „IFA“ конференцијата во Берлин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП