26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ„De Mare“ ќе ве извади од колосек и ќе направи да посакате...

„De Mare“ ќе ве извади од колосек и ќе направи да посакате да ја купите веднаш! (фото+видео)

Од моментот кога оваа фантастична вила се појави на пaзарот, со цена од 12.9 милиони долари можеме да кажеме дека за неа се „тепаат“ и најголемите трговци на недвижнини.

„De Mare“ е место кое ќе ви понуди такво задоволство и уживање што нема ни во еден миг да зажалите што сте се преселиле во Калифорнија.

Оваа вила е комплетирана уште пред 16 години и се протега на земјиште од 80 ари. Се наоѓа во живописен пејзаж опкружен со лозја, каде што расте сортата неречена Каберне, спектакуларниот дом кој зафаќа речиси 2.000m2 е во исчекување на новите сопственици. За оние кои се заљубени во класиката, гарантираме дека дополнително ќе уживаат во топлиот калифорниски дел пиејќи вкусно вино.

Дали спомнавме дека оваа вила има паркинг кој може да собере 100 автомобили?! Нели е тоа фасцинантно, доколку ја купите оваа вила можете да правите забави и да поканите многу гости.

„De Mare“ располага со 6 спални соби, масивно голем апартман кој зафаќа околу 180м2, потоа има 8 купатила, дневна соба со преголема доза на елеганција и прекрасен внатрешен базен. Кујната е совршена за секој кој ужива во готвењето, има дури 3 рерни и 4 замрзнувачи.

А, во просторијата во која може да собере 250 шишиња вино е сместена и масата за билијард, како и огромен телевизор, совршено место за да го соберете потесниот круг на пријатели и да се забавувате.

Муралите во венецијански стил како и мермерниот камин, се дополнителни детали кои ќе направат да размислите добро пред да си речете „не ја купувам“.

Лозјето има капацитет да наполни 150.000 шишиња каберне вино на годишно ниво, не се двоумете нека ова место биде ваше.

А, еве како ќе ви изгледа животот надвор од оваа вила:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП