28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНеуромедика ја доби наградата Best practice за 2018 од Европското здружение за...

Неуромедика ја доби наградата Best practice за 2018 од Европското здружение за истражување на квалитет(фото)

26 години врвнатa медицинска стучност, посветеност и квалитет на медицински услуги кои ги нуди првата приватна поликлиника во Македонија Неуромедика резултираа со уште една награда. На форумот организиран од Европското здружение за истражување на квалитет кој се одржа во хотелот Ле Плаза во Брисел Неуромедика ја доби наградата – Best practise за 2018.

Наградата Best practise за 2018 ја подигна првиот човек на Неуромедика д-р Емил Угриновски, сопственик и генерален менаџер. Во рамки на форумот пред присутните бизнис лидери, дипломати и врвни експерти д-р Угриновски ги презентираше и сподели достигнувањата и професионалните искуства во полето на менаџерските стратегии на Неуромедика, кои во континуитет четврт век ја издигнуваат Неуромедика на врвно ниво во однос на конкуренцијата.

Наградата од Европското здружение за истражување на квалитет на Неуромедика е само уште една потврда на вложен труд и целосна посветеност на воведување  врвно здравство во земјата и регионот кое се темели на непрекинато инвестирање и унапредување на медицинска инфраструктура и непоштедно залагање на целиот персонал во Неуромедика.

Оваа награда од страна на Европското здружение за истражување на квалитет  ја добиваат оние компании кои имаат исклучиво најдобри практики и резултати во квалитетни менаџерски стратегии.

Годишниот настан на Европското здружение за истражување на квалитет е глобален форум на најдобрите, во својата област компании и организации од приватниот и јавниот сектор и истата има за цел на усовршување на квалитетни менаџерски техники и обезбедување одлична можност за мрежно поврзување на сите учесници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП