24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВилата на добро познатиот Ал Капоне сега може да биде ваша (фото+видео)

Вилата на добро познатиот Ал Капоне сега може да биде ваша (фото+видео)

Сигурно сте слушнале за Ал Капоне, тој претставува еден од најголемите мафијаши во историјата на Америка. Во едне период живеел во Мајами. Вилата во која што тој живеел сега може да биде ваша за 10 милиони долари.

Сместена во еклавата во Палм Исланд, оваа куќа неодамна беше реновирана. Располага со површина од околу 3.600м2 и е подготвена во секој момент да ги пречека новите сопственици.

Има 7 спални соби и 5 купатила, помошна куќа за гости како и прекрасен чардак покрај базенот.

Поради професијата со која се занимавал Ал Капоне, најважна му била сигурноста. Баш од таа причина, ова земјиште е опкружено со ѕид кој е висок 2.5 метри, кој може да внесе мала доза на клаустрофобија доколку се одлучите да живеете на ова прекрасно место. Сепак, оваа вила е идеална за живот во кој ќе уживаат особено љубителите на историјата.

Никој не очекуваше вилата на Ал Капоне некогаш да се појави на јавни документи, но сега сме сигурни дека таа ќе привлече многу внимание. Од друга страна, ние сме заинтересирани за тоа кој живеел таму по Капоне. Можете ли да спиете мирно во поранешниот дом на најозлогласениот гангстер?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП