10 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапото виски во светот

Најскапото виски во светот

105

Пред повеќе од 105 години, ужасен пожар тотално ја уништил дестилеријата „Aisla T’Orten“ во Шкотските Гори, по само еден ден работење.

Само едно мало буре успеало да ја преживее катастрофата и токму тоа е почетокот на приказната за најстарото и најскапо виски во светот.

Најголемиот дел од изминативе стотина години, вискито ги има поминато во градот Абердин, во визбата на Али Сисел, шкотски историчар.

Во 2010 година, Сисел стапил во контакт со „Master of Malt“, независна компанија за флаширање алкохол, и го продал буренцето за непозната сума пари.

1055

На 8 март 2011 година, 105 години старото виски (создадено било на 17 февруари 1906 година) конечно било флаширано од страна на компанијата.

Откако биле истражени состојките, останале само уште 762 мл виски, од кои 12 мл биле дадени на дополнително испитување, 50 мл биле оставени за идните генерации, а 700 мл биле флаширани во само едно шише.

Според директорот за продажба на компанијата, Бен Елефсен, цената од 870.000 фунти или 1,4 милиони американски долари, колку што е проценето единственото шише, го одразува само потеклото и духот на вискито. Трошоците за луксузно пакување веднаш биле изоставени. Тој исто така се надева дека купувачот вистински ќе ужива во вискито, не чувајќи го како украс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП