29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОдморалиште кое ќе ви го направи одморот најубав до сега (фото)

Одморалиште кое ќе ви го направи одморот најубав до сега (фото)

Станува збор за спектакуларно одморалиште наречено „Солаз“, а е сместено во најубавиот дел на плажата во Лос Кабоса. Се верува дека ова место ќе стане омилено за секој кој ќе го посети, располага со 128 луксузни соби и апартмани, но и со 21 резиденција.

Одморалиштето ви ветува пространи соби, прекрасни спа центри и теретана, како и беспрекорно гостопримство.

Дизајниран е како одраз на околниот пејсаж и културни карактеристики. „Солаз“ го разубавуваат каскадните тераси, а градбата изобилува со гранит, мермер и дрво.

Секоја соба и апартман имаат приватен влез, кој води кон дворот кој го красат парчиња кои се дел од оригиналната уметност. Погледот кон морето секако е дополнителен додаток кој ова место го прави беспрекорно.

Се прашувате што ќе правите на ова рајско место?!

Дизајнерите се погрижиле и за вашите активности, со што на ова место можете да поминувате време на базен како и во фитнес објектите, а огромниот „Ojo de Liebre Spa“ нема да дозволи да ви биде досадно ни во еден момент.

Резиденциите се од 500 до 1.100м2. Гостите можат да уживаат во трособната резиденција во која има 3 купатила, вклучуваќи и тераса со џакузи, кујна како и спа тушеви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП