19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајдолгото поморско патување со крузер трае 245 дена (видео)

Најдолгото поморско патување со крузер трае 245 дена (видео)

Доколку се одлучите да бидете дел од одисејата којa почнува на Гринич во август и завршува во мај 2019 година, треба да знаете дека тоа задоволство ќе ве чини најмалку 76.079 евра. Пловидбата околу светот во траење од 245 дена вклучува 113 застанувања и посета на 59 земји на сите континенти освен Јужниот Пол.

Крузерот на луксузната норвешка компанија Viking Sun ќе собере 930 патници по што од Ирска и Норвешка, преку Атлантскиот Океан ќе се упати кон Гренланд.

Патниците на бродот ќе бидат во можност да слушаат класична музика во живо, да присуствуваат на предавања за историјата и уметноста и да уживаат во часови по готвење.

На расплагање ќе имаат и два базена и термална бања. Патувањето вклучува и минување низ Суецкиот Канал на пат кон Медитеранот, а бродот ќе ги посети и бреговите на Шпанија и Португалија, од каде што ќе отплови назад кон Велика Британија.

Инаку, ова е трето вакво патување во организација на компанијата Viking Sun.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП