9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ предупреди за висок ризик од задолженост во Африка

ММФ предупреди за висок ризик од задолженост во Африка

Земјите од суб-сахарска Африка се изложени на поголем ризик од должничка криза поради забрзаното позајмување на средства и големи дефицити и покрај општото забрзување на економскиот раст во целина, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Трезвеното оценување доаѓа додека африканските држави продолжуваат да ги користат меѓународните должнички пазари и да издаваат рекордни нивоа на долг во странска валута, поттикнати од незаситениете пребарување на доход од инвеститорите.

Во економска перспектива за регионот Фондот предвидува дека стапката на економска експанзија ќе порасне до 3,4% во оваа година од 2,8% во 2017-та година, засилена од глобалниот раст и повисоките цени на суровините.

Побавниот раст во Јужна Африка и Нигерија – двете најголеми економии на континентот – врши притисок врз целиот регион, но ММФ очекува растот да порасне на околу две третини од африканските земји. Според сегашните политики, сепак, оваа стапка се очекува да достигне 4% на среден рок.

Во меѓувреме, околу 40% од земјите со ниски приходи во регионот се соочуваат со потешкотии со долгот или се во висок ризик од тоа, посочи ММФ. И рефинансирањето на овој долг наскоро ќе стане поскапо.

Африканските влади издадоа рекордни 7,5 милијарди долари државни обврзници во минатата година, 10 пати повеќе отколку во 2016-та година. И во првата половина на 2018-та година планираат да издадат дополнително над 11 милијарди долари обврзници, се наведува во извештајот на ММФ.

Долгот во странска валута се зголеми за 40% во периодот 2010-2013 година до 2017-та година и во моментов претставува околу 60% од вкупниот државен долг во регионот, покажуваат податоците на Фондот.

Шест држави – Чад, Еритреја, Мозамбик, Република Конго, Јужен Судан и Зимбабве – беа во должничка криза на крајот на минатата година. А рејтингот на ММФ за Замбија и Етиопија беа сменети од „умерен“ до „висок ризик од задолженост“.

ММФ потврди дека огромните потреби на Африка ќе продолжат да бараат големи инвестиции за изградба на инфраструктура и социјален развој. Но за да се постигне ова, континентот кој во моментов има најнизок сооднос на приходите кон БДП-то во светот, ќе треба да стане зависен од себе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП