28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕLa Sultana Oualidia: Магично одморалиште во Мароко (фото)

La Sultana Oualidia: Магично одморалиште во Мароко (фото)

Уште еден ден, уште еден хотел од соништата, во еден магичен агол од планетата…

Овој пат одиме во La Sultana Oualidia, магично одморалиште со само 11 соби, на обалата на Мароко, овој ексклузивен рај ви нуди долги сончеви денови и ноќи полни со релаксација и романтика, со пристап до затскриената плажа и импозантниот спа центар, сместен во карпа.

Опуштањето во ова одморалиште постои во многу форми, можете да сурфате, едрите или да нуркате, но одморањето на вашата сончева тераса можеби ви звучи подобро.

Во вечерните часови можете да ги вкусите специјалитетите во отворениот ресторан, во смирувачка и романтична атмосфера.

Сите 11 соби и апартмани во овој хотел се далеку повеќе од неверојатни. Секоја соба е уникатна и направена од исклучиво природни материјаи, од плафонот до подот, а екстра комфорниот кревет ќе направи да се чувствувате извонредно дури и кога спиете. Џакузито со солена вода е веројано една од причините да останете будни подолго време.

op2

op3

op4

op6

op7

op8

op9

op10

op11

op12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП